ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
МАЛТА Елитно патување
МАЛТА – сјаен бисер на Средоземјето
|
 *** |
 *** |
| Патниците за Малта беа учесници на најатрактивното натпреварување во богатата лепеза на РСИ натпреварувања – освојувајќи влез во ELITE CLUB, статусен клуб за најдобри од најдобрите соработници на РСИ Елитно патување. Членовите на Elite Club за 2001. година со своите резултати покажаа дека јасните цели и работа на нивното остварување стануваат реалност, затоа што во куќата на РСИ работата секогаш се наградува, што покажува на задоволно, среќно и весело РСИ семејство. Незаборавното патување и дружење на РСИ Интернационалната екипа која уживаше во новото искуство и запознавање на прекрасната Малта уште долго ќе се раскажува, а многубројните прекрасни слики и спомени ќе останат во срцата и албумите. |
| Пo Тунис и Турција, РСИ-евци по трет пат ја отворија вратата на светот – трета елитна дестинација – туристички бисер, државичка во срцето на средмоземјето – Малта, чие име во превод значи “мед”, тоа е земја на познати витези и волшебници Калипсо поради чии магии Одисеј се врати дома седум години подоцна. Денес Малта е престижна туристичка дестинација која ја посетуваат туристи од целиот свет. Малта – остров на љубовта и медитеранската убавина – ги почести елитните РСИ –евци на нивното трето Елитно патување со Elite Club. |
| Собир во Белград. Веселите и насмеани лица на интернационалната екипа пристигнуваа од сите земји во кој работи РСИ – од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Југославија, Македонија и Бугарија. Во потполно опуштена и весела атмосфера екипата беше спремна и со нетрпение го очекуваа тргнувањето и освојувањето на новите светски дестинации. По пријатниот лет, првиот чекор излезе коментарот – после Африка и Тунис, малата Азија и Турција, еве РСИ на Малта, бисер на Средоземното море. Поради се попрецизното сместување во просторот, од нашиот водич, дознавме дека Малта, всушност е архипелаг кој се состои од островот Малта, Гоза и Комина и уште два ненаселени острови. Одалечена е 90 км од Сицилија и 230 километри од Северна Африка, мала, но најнаселена земја во Европа. Топлата клима, палмите, мирисот на морето... ни ја покажуваа убавината на тоа поднебје. Нашиот град домаќин – Слијема, најголемиот град на Малта, уште првата вечер на пат кон хотелот GALAXY, не воодушеви со својата убавина – необича архитектура, нагласена игра со ноќната светлина. |
| Првиот ден го проширувавме нашето знање за Малта – жива туристичка дестинација, но и земја на старите културни традиции. Малта е единствен спој на на различни култури кои оставија белег на денешниот изглед. Била феничката колонија, па потоа потпаднала под власт на Картагена, Рим, Бизани, Арапи, Нормани, Шпанци, Французи и Англичани... 1565 година. Малта беше образована од Турција, чиешто влијание и денес е видливо, и тоа од витезите на Св. Иван, денес познат како Малтешките витези. Освен историските факти, дознавме дека Малта поради својата природна убавина го заинтересира и филмскиот свет па тука беа снимани многу историски спектакли, на малтешките плажи е снимен филмот за Џејмс Бонд “Никогаш не вели никогаш” со Шон Конери и Ким Бесинџер, а познатиот малтешки сокол е мотив за истоимениот филм со Хемпри Богартон. Сончевиот и топол ден го искористивме за запознавање на градот Шлијеме во кое отседнавме, уживавме во прошетката на прекрасните уредени шеталишта со море впивајќи ја убавината од погледот околу нас. Во вечерните часови со пријатен коктел во холот на хотелот, го обележавме нашиот десетти роденден. Со искрени честитки и желби за што подолг работен успех наздравувавме со шампањско и вечерта ја продолживме со песни, музика и смеа на специфичен РСИ-евски начин. |
| Средата беше резервирана за излет – посета на Валета, главниот град на Малта. Валета го доби името по името на Jeanu Parisonu de la Vallettei, голем мештан од Малтечкиот ред кој го основа овој град. Го посетивме Големото пристаниште заградено со ѕидини кои ги подигнаа витезите за одбрана од Турција, потоа палатата Големиот мајстор од Малтешкиот витешки ред, најголемата градба на Малта во која денес е сместен претседателот, како и катедралата Св. Иван, една од најубавите во Европа, во која што видовме и дознавме многу историски факти за малтешките витези. По посетата на Валета продолживме со автобус кон средината на Малта, се одморивме и ручавме во гратчето Рабат. Со лесна прошетка продолживме до Медина, која е оделена од Рабат само со старите ѕидини. Архитектонски интересен град, кој помалку застрашува со неговата специфична тишина и мир, па на момент се чини дека овде времето застанало. По посетата на најстарата црква на островот – Црквата Св. Петар и Павле, продолживме со автобус кон најблиското место во кое се наоѓаат мали специфични трговски сувенири. Најмногу не заинтересира малата фабрика за стакло во која што видовме како се изработуваат најразлични предмети од стакло со техника донесена од Венеција, инаку предмети од стакло се најчесто купуваните сувенири кои се носат од Малта. На враќање застанавме во Моса и ја посетивме црквата Св. Марија којашто купола е иста големина како куполата на катедралата Св. Паулс во Лондон, односно трета во Европа, после црквата Св. Петар во Ватикан и Аја Софија во Истанбул. Инаку, на малтешките острови има околу 360 што помали што поголеми цркви, со единствена внатрешност и богат ентериер. Преполни со импресии и лесно уморни се упативме кон хотелот уживајќи во веќе ноќните глетки на населбите низ кои поминуваваме |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|