ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
ИСТАНБУЛ Елитно патување
ИСТАНБУЛ – ГРАД НА ДВА КОНТИНЕНТИ
|
 *** |
 *** |
| Најатрактвно натпреварување во РСИ, она за влез во Elite Club, уште еднаш ги собра најдобрите од најдобрите. Труд, работа и резултати од членовите на Elite Club за 2003. година наградени беа со луксузни патувања во најисточниот и се поуспешниот РСИ свет – Турција. Веселата и среќна РСИ фамилија беше дочекана од сончев хоризонт направен од куполи и минариња. Истанбул е дом за најразлични луѓе и окружување составено од најразлични слики, град кој живее и дише со своите 20 мил. жители, а не е само историски поим. Интернационалната РСИ екипа во својот седумдневен престој се слеа со градот на два континенти и заклучи како во РСИ куќата лојалната работа и уживање сигурно одат заедно. |
Турција – втор пат! РСИ-евци по петти пат докажаа дека за нив нема граница и дека одличните резултати и работа на остварување на соништата за влез во Elite Club богато се наградуваат. Дестинацијата беше единствениот град на Европа и Азија – Истанбул, кој ги преплавува сите сетила, а престојот во туристичкиот центар Кумбургаз претставува вистинска можност за aктивен одмор и релаксација. Пријатното топло време кое ги пратеше учесниците на Елитното патување им овозможи да земат најмногу и она најдоброто од се понуденото. Уште едно незаборавно патување зачинето со мириси од чај и зачини од жамор на уличните продавачи во окружување од некои од најимпресивните градби од сите времиња останаа во албумите, срцата и сеќавањата на Елитните РСИ-евци.
|
| Дел од интернационалниот митинг од Хрватска и Словенија се собра рано наутро во ладниот и дождлив Загреб. Добро расположени, со ведри лица и со мисли на топлиот исток тргнавме со автобус кон Белград. Дека местото и времето за ширење на веселиот РСИ дух не беа од големо значење, можеше да се забележи кога РСИ-евци понесени од свирката на тамбурашите заиграа оро на паузата за одмор, веднаш после влезот во Србија. Со доаѓањето во Белград и собирот на аеродром екипата беше целосно подготвена за авантурата наречена Елитно патување. По удобното возење стигнавме на дестинацијата – Истанбул, кој не пречека опсипана со светлина што уште повеќе ја истакна неговата грандиозност. За полесно да се снаоѓаме, не пречека нашата љубезна домаќинка, директорката на РСИ Канцеларијата во Турција Индира Ар, која после вечерата не однесе во прошетка и ноќно разгледување на Истанбул. Беше вистинско доживување: град кој никогаш не спие – улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануват Европа и Азија. |
| Немаше време за средување на впечатоци, тргнавме на разгледување на градот во дневна светлина. Нашата прва цел беше најстариот истанбулски споменик – Египетски Обелиск, кој бизантскиот цар Тедодусиус дозволи да биде пренесена од египетската регија Луксор во Турција. Веќе 1600 години одолева на јаките потреси кој во просек секоја 100 година го погодува Истанбул. Одмор за очите беше посетата на Плава џамија – една од најголемите и најимпресивните, и секако најубаво изведената и декорирана џамија во Турција. Името го добила според материјалот на плаво – зеленкаста боја од кое се направени плочки вградени во нејзините ѕидини. Позната е по тоа што е покриена со метра од најквалитетни свилени теписи, како и украсена со стотици увезени кристални маслени ламби. Кога ќе се погледне Плавата џамија однадвор се добива слика на совршена хармонија со структурен облик во елагантна изведба. На само неколку метри, посетивме уште едно архитектонско ремек-дело, денес музеј, а некогаш најсветото место во византиската доба – Аја Софија. РСИ – евците уживаа во изработките на страите мајстори од злато, кој се резултат на петгодишната работа на илјадници мајстори од различни земји во светот. Со ставањето на раката во длабината на ѕидот во внатрешноста на Аја Софија и завртувањето за 360 степени можевме да посакаме нешто со надеж дека тоа и ќе ни се оствари – навистина е тешко да се одолее на тоа на така свето место, па РСИ – евци ја искористија приликата, освен остварување на некои свои лични сништа да посакаат уште подобри резултати, повеќе бодови и многу незаборавни заеднички патувања. На крај ја посетивме Султановата палата Топкапи која беше, приближно 400 години, административен центар на Отоманското царство, едно од најважните историски градби во Истанбул која годишно ја посетуваат повеќе од 2,5 милијони луѓе. Султановата палата се протега на отприлика половина површина на кнежевината Монако, заштитена е со високи ѕидини во чиј состав се 28 кули, има 3 излези на море и 4 на копно. Интересно е тоа што просторот на некогашната кујна во којашто секојдневно се хранеа многу лица (околу 1200 луѓе), денес е претворена во изложбен салон каде што се чува третата по големина колекција на порцелан на светот. Освен порцелан во палатата изложени се и кочии, оружје, сребро, рачно изработени предмети од стакло, скапоцености, часовници, теписи, текстил... Преполни со импресии и нови сознанија се упативме назад во хотелот за вечера. Во текот на вечерта г. Кучковечки ги замоли учесниците да се претстават, да кажат нешто за себе и своите достигнувања во РСИ со цел подобро меѓусебно да се запознаат и поврзат. Сите беа со една мисла дека се собраа најдобрите кои секогаш сакаат, можат и сакаат да бидат уште подобри. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|