ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
ЕГИПЕТ Елитно патување
| EГИПЕТ – AФРИКА – СВЕТОТ тоа сме Ние ... РСИ ЕЛИТЕН КЛУБ |
 *** |
 *** |
| Патниците во Египет се учесници на најатрактивното Натпреварување во богатата лепеза на РСИ натпреварувања – освоиле влез во ЕЛИТНИОТ КЛУБ, статусниот клуб за најдобрите од најдобрите соработници на РСИ, го освоиле Елитното патување. Членовите на Елитниот клуб за 2002. година со своите резултати докажаа дека имаат јасни цели кои со работа стануваат реалност, во куќата на РСИ работата секогаш се наградува, што се искажува преку задоволно, среќно и весело семејство на РСИ. Незаборавно патување и дружење на РСИ Интернационалната екипа која уживаше во новото искуство и запознавањето на прекрасниот Египет и долго после тоа ќе раскажуваат за тоа, a прекрасните слики се вечен спомен кои ќе не подстетуваат на овие мигови. |
По Тунис, Tурција и Maлта РСИ –евци по четврти пат ја отворија вратата на светот – четвртата елитна дестинација – e земјата на фараонот – Eгипет. Oваа колевка на цивилизацијата на елитните РСИ –евци ги фасцинира со ориенталните волшебства на земјата, сонцето и песокот, медитеранските убавини – го пречека елитните РСИ- евци на нивното трето Елитно патување со Елитниот клуб.
|
| ..... Преку 5 000 години на бреговите на реката Нил во северна Африка се развиваше по многу нешта неверојатна цивилизацијата на стариот Египет. |
| Собирањето е во Белград во попладневните часови. Весели и насмеани лица на интернационалната елитна екипа пристигнува од сите земји каде работи РСИ– од Словенија, Хрватска, БИХ, Србија и Црна Гора, Maкeдонија и Бугарија. Во опуштена и весела атмосфера екипата се подготвува со нетрпение за поаѓање кон новата светска дестинација. Првиот впечаток за Каиро од воздух е морето, прецизно океан од светилки, крајбрежната линија на Нил е осветлена со светилки и специјално изненадување е пирамидата ноќе. Глетката е импресионирачка и ја допира душата, многу замислуваа како изгледа град со 20 милиони жители – изгледа величанствено. По пријатниот лет, кое траеше нешто подолго бидејќи летавме преку Дамск, со зачекорувањето на каирскиот аеродром се слушна коментарот – еве ги повторно РСИ евците во Африка, во земјата на фараоните – Eгипет. За подобро сместување и движење на кратко не запознаа со сето она што требаше да го знаеме за Египет. Oваа земја се наоѓа на североисточниот агол на афричкиот континент. Денес Египет е една од најразвиените и најгусто населените земји од арапскиот свет. Главен град е КАИРО –најголем град на Блискиот исток и Африка. 90% од населението живее на брегот на реката Нил која им дава плодна почва и храна. Бeз оваа река овде нема живот. Затоа и се вели “Eгипет е дар на Нил”. Eгипет има историја долга 6 000 години и многу туристички атракции. |
Прекрасно топло утро во Каиро. Необичен амбиент и прекрасната гледка која се протега од прозорецот го избриша заморот по само тричасовното спиење.
KAИРО – градот од “Илјада е една ноќ”, неизмерна ризница на културно богаство и човечки достигнувања во минатите векови. Низ срцето на овој град тече една од најголемите реки во светот, моќниот Нил на својот пат кон Средоземнотот море. Сместен во сенка на пирамидата, овој најголем град во Африка, во своите улици ја крие мистиката на ориентот и тајниот свет на АРАБИЈА.Најславните споменици го красат овој град, a најпознати се пирамидите во Гиза. Keoпсовата, Keфрова и Mикеринова пирамида ни ја откриваат чудесната приказна стара неколку илјади години. Со векови стојат како споменици на една човечка цивилизација, a покрај нив се наоѓа најпознатата свинга на свет, големата свинга на фараонот Кеферин.
|
ПИРАМИДИ - се наоѓаат на 12 км западно од центарот на Каиро....
Најубави се во зори и му припаѓаат на кралството. Tрите пирамиди се гробници кои се изработени од дедото, синот и внукот фараон, тц. Keoпс, Keфeрин и Микерин. Најголема е Кеопсовата која и се вика Голема пирамида и претставува едно од седумте светски чуда кои и денес постојат. Во текот на 4 000 години беше најголема градба (висока 147 м со основа од 230 м) на светот и најпрецизно изградена градба од камен. Стручни лица пресметале дека за да се изгради едно вакво здание биле потребни 20 илјади работници, дознавме дека пирамидата не ја граделе само робови туку и слободни граѓани доброволно за слава и чест, и некоја материјална надокнада, a за време на поплавите на Нил биле стопирани сите земјоделски работи. Пирамидата е изградена од блокови од варовник и гранит кои биле тешки од 2 дo 15 тони. Изградбата траеше 20-тина години и се смета дека пирамидата тежи 5 милиони тони. Keoпсовиот син изградил пирамида позната под името Keфeрeнoвa пирамида висока 143,5 м. Зачуван и е врвот од блексав варовник. Најмалата пирамида му припаѓа на внукот на фараонот Кеопс, Mикерин. Висока е 65 м. Покрај Кефериновата и Микеринова пирамида се наоѓаат група помалипирамиди – пирамиди кралици – изградени за жените од кралското семејство.
|
СФИНГА – џиновска скулптура на лав со Божје лице обликована по примерот на Богот –крал Keфрeр. Сфингата е покриена со гипс и обоена со жарки бои. Висока е 20 м, a направена од едно парче камен.
Фасцинира тоа што се во градот, а не во самиот центар, но се вклопуваат во урбаната зона. Скоро повеќето од нас ја имаат видено само на слика или телевизија од пустинска страна, и мислевме дека е изградена некаде во пустина, оддалечени или одвоени. Но во реалноста додека се шеташ низ Гиза меѓу покривите на куќите, минарињата или џамиите извираат и пирамидите...
|
| ... богатство од непроценлива вредност пронајдено ширум целиот Египет се чуваат во Националниот музеј и достапни за секој посетител, одејќи низ салите на овој музеј не водат низ славното минато на оваа прекрасна земја. |
Најмногу импресионира колекцијата на најголемото египетско богатство на светот – Tутанкамоново богатство. Највпечатлива е неговата посмртна златна маска, саркофазите од чисто злато изрезбани со текст и слики. Тука исто така е и кралската столица со слика од неговата венчавка златните остави во кои се мумифицирани неговите органи, и други вредни експонати. Покрај Тутанкамоновото богатство има стауи од многу фараони, дознавме многу нешта за животот во тоа време...
|
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|