вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

ДУБАИ Елитно патување

[1/2]
ДУБАИ – ГРАД НА ВИЗИОНЕРИ ЗА РСИ ВИЗИОНЕРИТЕ
***
***
***
***
"Зборот НЕВОЗМОЖНО не постои во речникот на водачот! Без оглед на големината на предизвиците, силната верба, решителноста и храброста се надминуваат и совладуваат се!"
владарот на Дубаи – Шеикот Moхамед бин Рашид Ал Мактоум
Дестинација на седмото Елитно патување за членовите на Елитниот клуб за 2005.година беше ДУБАИ– град изникнат среде пустина во кој се наоѓа највисокиот хотел во светот,најголем вештачки оток на светот, a се довршува највисокиот небодер на светот – во суштина се НАЈ! Создаден како од приказната Илјада и една ноќ, Дубаи се прифаќа и на невообичаен начин го вклопува во својата традиција. Така камилите и трговците ги заменаа со луксузни автомобили и дизајнерски продавници, a харемите со ноќните клубови – за успешната замена не уверија учесниците на Елитното патување кои уште при првата средба со градот беа маѓепсани и занесени од сјајот,луксузот, култура и гостопримството на арапскиот свет.
Увод
Со упорна работа, вредните менаџери и продавачи од сите земји на РСИ влегоа во Elite Club за 2005. година – статусен клуб за најдобрите од најдобрите и освоиле најатрактивна награда – EЛИТНО ПАТУВАЊЕ. Eлитното патување во Дубаи е посебна награда!
Сместен меѓу Европа и Азија, на јужниот брег од Арапскиот залив, Дубаи е скапоцен камен во круната на Обединетите Арапаски Емирати основан во 1971 година. Mуслиманското население кое ја сочинува оваа федерација е основано уште во 7.или 8. век од нова ера, што е поврзано со поделбите на локални арапски народи. Домашното население е само 20% од вкупниот број на луѓе, но целосно е згрижено материјално, финансиски и правно од страна на шеикот. Oд почетокот на 17 век Англичаните беа највлијателни Европјани во тој регион. Во овој век големите нафтени извори ги прават емиратите во могу богат регион.Почнуваат меѓусебно се повеќе да соработуваат и во 1971. година, кога англиските сили го напуштиле Заливот повеќето од емиратите одлучуваат да се зачленат во ОАЕ. Обединетите Арапски Емирати сефедерација од 7 држави на чело со емири. Дубаи, е втор по големина емират и трговско и туристичко средиште, a најголемиот, Абу Даби (Abu Dhabi) е главен град на ОАЕ.
Исконскиот мирис на истокот, раскошот и богатството на секој чекор, заслепувачка златна, мирисно зачинска и шарена текстилна разновидност на пазарите – посветеност на туризмот, грандиозни небодери и најскапи хотели чии врвови го допираат небото долго ќе ги паметиме, илјадниците фотографии со итернационалната екипа на РСИ.
Вторник, 14.11
Интернационалниот израз на РСИ се гледа во секој поглед ,а така беше и со доаѓањето во Дубаи. Учесниците се собраа во Дубаи од разни места. Од Загреб, и
Будимпешта, a преку Минхен стигнаа Рси- евците од Хрватска, Словенија и Унгарија; од Белград стигнаа учесниците на Србија, Црна Гора БИХ и Македонија, а од Истанбул учесниците од Турција и Бугарија. Со оглед на тоа дека сите пристигнаа рано наутро планирано беше поаѓањето наразгледување на Дубаи да започне поладне со пријателите Рената и Иво во лобите на хотелот Лотус. Одморени и свежи во сеуште сонливи поради временската разлика и повеќечасовниот лет се сместуваме во климатизирани автобуси и тргнавме во обиколка на Дубаи.
Вистинската средба со градот на иднината ја доживеавме во најпозатиот и најлуксузниот дел од градот Јумеирах (Jumeirah), каде веднаш заклучивме дека неможи да се споредува со ниеден од најмодерните ервопски градови. Она кое на сите им беше необично,на прв поглед, е што Дубаи нема класичен центар на кој сме навикнати, со старо јадро и плоштад, но затоа секој дел од градот има свој луксузен и богат центар, улиците се полни со модерни канцеларии, работни згради, хотели чија архитектура не остава без здив и секако, шопинг центри во кои се одвива социјалниот живот. Но, се уверивме покасно, дека само да завртиш зад аголот и веднаш ве чекаат стари арапски градби, остатоци од арапското село преуредени музеи и други сведоштва од богатото наследство на овој град.
Дубаи верно е прикажан во музејот, со мултимедиска презентација во која по кратко возење по градските улици застанавме на Јумеирах (Jumeirah) плажата каде има заштитниот знак на Дубаи и главниот мотив на разгледниците, сувенири и брошури за градот – Хотелот Бурј Ал Араб (Burj Al Arab). Со својот карактеристичен изглед на едро и висината од 321 m над Арапскиот Залив, стана икона на Дубаи, како и мета на секоја посета на ОАЕ. Малку познат покрај Бурј Ал Араб (Burj Al Araba) се наоѓа и Јумеирах Хотелот (Jumeirah Beach Hotel) изграден во форма на бран, a кога двете градби ќе ги погледнеме од брегот изгледаат како едро на бранови! РСИ –евците го искористија времето за фотографирање на плажите и најлуксузните хотели во позадина, босоноги ја прошетаа плажата со топол, како брашно песок, и топлото
море. Возбудени од глетките исполнети со луксуз и сјај, го гледаа создавањето на една нова населба крај морскиот брег, The Palm Jumeirah (вештачки остров во облик на палма со 4 000 луксузни станови и вили) продолживме понатаму. Сместени на главната улица во населбата ја здогледавме џамијата Jumeirah Mosque – таа е единствена во која е дозволен влез за лица од други религии, со претходна најава има денови и за посета на широката јавност. Потоа продолживме по музеите и другите знаменитости на градот! Дубаи Музејот е место вредно да се посети , каде за кратко време ќе сватите какви всушност се Обединети Арапски Емирати, а особено Дубаи, во само триесет години, водени од јасната визија на шеикот, поминаат интересен развоен пат и постигнаа успех кој е вреден и за воодушевување. Историјата на бедуините, наследството на "синовите на пустината" и развојот на гледа развојот и напредокот кон иднината на Дубаи – супер модерена иднина која е составен дел од денешницата!
Градската четврт Бур Дубаи ( Bur Dubai) е и центар на Дубаи, од каде се качваме на АБРИТЕ – откриени моторни дрвени бротчиња нешто како "воден такси" кој се движи низ каналот Дубаи Греек (Dubai Creek) и не поврзува со четвртот Бур Дуба и Деиру( Dubai i Deiru). Од глетката што се простира пред нас се гледаат импресивни згради од стаклени површини во чии огледала се одсликува површината на водата. Пријатната "пловидба" на 30°C во првиот зимски месец поминува весело и наеднаш се најдовме во Деири – населба каде на големо се чувствуваат на источното тргување со задолжително ценкање, пазар, познат како "souks" (англ.). Најпознати се Golden souk (улица преполна со златари каде може да се најдат врвни дизајнери на накит, но и арапско злато со силна жолта боја 22 или 24 kaрати) и Spice souk (четврт каде се изложени зачини од цел свет ширејќи интензивен мирис на анис, сандаловина, кари, цимет..). Помалку познати, но добро посетени се и пазарите на кои се тргува со тексил,свила,кашмир... како и со техника и електроника каде поволно можете да купите компјутер,камера, мобилен...Им се воодушевуваме на прекрасните излози со злато и љубезните продавачи ,жедта ја гасевме со свежо исцедени сокови од ананас, банана,манго... При смрачувањето, по малку уморни, но преполни со впечатоци се вративме во хотелот на вечера и одмор.

  1 | 2  

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...