ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Титаниум тава Ø 28
 |
Шифра: TAVA O 28
Со готвењето во РСИ Титаниум садовите штедите време и уживате во подготвувањето на оброкот. Високо квалитетните титаниум садови го задржуваат вкусот со што при печењето и готвењето хараната не ги губи своите вредни витамини и минерали туку станува посочна и повкусна. Многу отпорна на оштетување, лесна за чистење, брзо и равномерно ја пренесува топлината низ цела површина на тавата, ова се само некои од карактеристикитекои ја красат оваа вредна тава затоа секоја домакинка треба да ја има во својот дом при рака.
|
| Повеќе |
Додај во кошничка |
РСИ ТИТАНИУМ ТАВА – специфична рачка и капак
|
РАЧКАТА ОД САДОТ изработена е анатомски, заради својата форма е прилагодлива кон секоја рака.Изработена од специјален термоотпорен материјал целосно е сигурна од привлекување на топлина, презагревање и деформирање.
|
КАПАКОТ со куполаста форма, изработен е од огноотпорно стакло на чиј врв се наоѓа парно-пропусен држач на капакот – всушност вентил за пареа ( затворено – отворено).Вака специјално дизајнираниот држач, со едноставно поместување и подесување на отворот за пареа овозможува одведување на вишокот на течност по пат на пареа без непотребно отворање на капакот на садот, така да во храната која што ја подготвувате се задржуваат сите високо квалитетни состојки на намирниците. Капакот е прозирен па можете подготвувањето на храната да го надгледувате без кревање на капакот.
|
БЛАГОДЕТ ВО ВАШАТА КУЈНА – ВОЛШЕБСТВО ВО ГОТВЕЊЕТО
|
РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ се квалитетни и создадени за врвни резултати при готвењето!Подготвувањето на храната го прави едноставно и забавно! Покрај титаниум садовите ГОТВЕЊЕТО СТАНУВА УЖИВАЊЕ: ЕДНОСТАВНО, БРЗО, КВАЛИТЕТНО И ЗДРАВО. За нив слободно може да се каже дека претставуваат современо враќање кон изворноста, функционалноста, практичноста и квалитетот.
|
РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ ви даваат максимална слобода при готвењето ,,без гребнатини,,.Слобода да ги употребите аромите од цел свет во вашите садови без оглед дали готвите или печете во рерна.Тоа вас ве поттикнува за изнаоѓање на нови оригинални начини во готвењето, а благодарејќи на тоа ќе уживате во секој момент поминат во кујната.
|
Едноставен и елегантен дизајн усмерен кон практичноста во употребата.
Линијата на РСИ ТИТАНИУМ садовите се прилагодува кон секој животен стил во поднебјето кое што носи свои специфичности при подготвувањето на храната- квалитетно и создадено всушност за врвни резултати при готвењето. |
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОИ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДОЛЕЕ
|
Можност за готвење и печење на храна
При готвење или печење во РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ штедите време и енергија
Приготвената хтрана го задржува вкусот, витамините и минералите ( нутриционистичките вредности), бојата и еластичноста
Приготвената храна е повкусна, посочна и порскава
РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ се извонредно отпорни на оштетување
Храната не се лепи за дното
Брзо и рамномерно пренесување на температурата по целата тава, па затоа не е потребно и мешање.
Можност за готвење или печење со малку или без маснотии
Извонредна стабилност на садот
Дното на садот не се искривува при високи температури
Лесно чистење и одржување
|
Садовите да не се прегреваат!
Секогаш да се готви на ниска или средна температура.
Садот треба постепено да се загрева
Да се користи пластичен, силиконски или дрвен прибор за готвење
Да се избегнува метален прибор при подготвување на храна
Да се избегнува сечење во самиот сад
Да не се остава подготвената храна да стои подолго време во садот ( преку ноќ ).
После употреба садот добро да се исчисти како би се одстранила маснотијата што ја оставила храната.
|
РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ пред употреба треба темелно да се измијат, исплакнат и избришат.После тоа внатрешната површина да се премачка со тенок слој на маснотија ( масло или путер) и тоа со суво памучно крпче кое што лесно се натопува во масло.Садот така е подготвен за употреба.
|
Специфичности: РСИ ТИТАНИУМ ТАВА – откако ја распакувавте тавата ( оригинално пакување) за да биде подготвена за употреба, потребно е држачот од капакот да се монтира кој што заради економичното пакување е прицврстен од долната страна.Ослободете ја завртката и на ист начин прицврстете го од спротивната страна ( прво ставете ја матицата која што треба да се заврти така да дозволува поголем влез на воздух, а потоа врз нејзе доаѓа завртката – како што е прикажанао на цртежот кој се наоѓа во оригиналното пакување на тавата).
|
Одржувањето на РСИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ е едноставно, не е потребно остатокот на храната да се стружи, сите нечистотии можеме буквално, едноставно, да ги избришеме со мека хартија или памучна крпа ( препорака: Аква крпа, крпа од микровлакна и обична топла вода) и да се измијат со нежен течен детергент без рибање или стружење ( препорака: АСТОНИШ ОРАНЖ ПОУЕР течност).
За одстранување на тврдокорните флеки секогаш користете сунѓерче.Не смеат да се користат абразивни средства ( пр. Вим), како и разни сунгерчиња со груби површини или метални жици кои што со време можат да доведат до истенчување на заштитниот слој.
Доколку на садот се појават траги од каменец после долго користење, потребно е да се налее во садот еднаква количина на киселина и вода, оставете 5 мин., избришете и постапката повторете ја со нанесување на тенок филм на маснотија од внатрешната површина.
Овие садови отпорни се на миење во машина за садови, но треба да се внимава на следното: ТИТАНИУМ САДОВИТЕ ги миеме на ниски температури ( 50 С или ЕСО ) со минимална доза на средства за миење. Течниот детергент и ниските температури се гаранција за долг век на траење на РСИ титаниум садовите.
|
|
|
|
Издвоено
Долгогодишната успешна соработка со нашата фирма,...
Оваа година Полугодишните митинзи ќе се одржуваат...
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
|
|
|
|