ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Млечна маст со масло од чајно дрво
 |
Шифра: Dr.F-25
Млечна маст со масло од чаевац потребна е секој ден- како средство за прва помош, како и за постојана нега на кожата како на стари така и на млади. Широкиот спектар на десјтвување без никакви тегоби и нус појави го прават чајевацот да се користи, во-борба-против: akни, чиреви, гнојничиња, рани, изгореници, афти, воспаление на забно месо, дијабетски гангрени, гливични инфекции (на нозете)вирусни инфекции, убод од инсекти...
|
| Повеќе |
Додај во кошничка |
ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО
• едно од најважните антисептички и бактерицидни етерични масла
• делува силно антимикробно на три групи инфективни микроорганизми – бактерии, габички и вируси.
• има изразити противвоспалителни својства ( отстранува и спречува настанување на инфекции, воспаленија и акни на кожата), како и антимикробна активност од широк спектар
• силен е имуностимуланс кој му помага на организмот во борбата против разните заболувања
|
ШИРОКА ПРИМЕНА
• за третман на проблематична кожа – ги решава проблемите со акни и мали чиреви, како и со мали ранички
• за третман кај различни облици на дерматитис и алергија на кожата
• третирање на габични заболувања на кожата
• погодна е за нега на интимните делови на телото ( кај вагинални воспаленија)
• за третирање на херпес-вирус ( на усните, лицето, гениталните органи) – ги намалува болките, но и го спречува понатамошното развивање
• третирање на мали брадавици
• ги ублажува последиците од изгореници ( од физички извори на топлина и сонце)
ги одбива инсектите и ги ублажува последиците од убод на инсекти
|
Неограничено, според потребата се нанесува во тенок слој на третираниот делод кожата. зависно,се препорачува да се користи неколку пати дневно. Може да се комбинира со Акнопур, Млечна маст со екстракт од невен, Златно масло...и други препарати за нега на кожа.
|
Чајното дрво е австралиска грмушка или мало дрво со игличести лисја и нежно жолтобели или виолетови цветови. Маслото од чајно дрво – зелено злато од Австралија се добива со дестилација на водена пара и тоа околу 10 литри масло од еден тон лисја. Етеричното масло од чајно дрво популарно е во ароматерапијата и се наоѓа како состојка на низа различни ароматерапевтски препарати односно козметички препарати.Денес тоа е едно од најважните антисептички и бактерицидни етерични масла.
Стотици години австралиските домородци ги користеле лисјата од чајно дрво за разни лековити цели – ги употребувале за лечење на рани, убоди од инсекти и разни инфекции. Примената на ова етерично масло во модерната медицина почна во 1925 година, меѓутоа, дури од 1976 година можеме да кажеме дека започна интензивното користење на маслото од чајно дрво, затоа што тогаш почна комерцијално да се дестилира масло во големи количини. Заради своето добро биолошко делување најде примена во третирање на цела низа здравствени проблеми.
|
АНТИСЕПТИЧКО ДЕЛУВАЊЕ НА МЛЕЧНАТА МАСТ СО МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВОDr.Forster направил идеална комбинација – млечна маст измешал со етерично масло од чајно дрво. Млечната маст со масло до чајно дрво има карактеристичен билно-ароамтичен мирис, не содржи конзерванси, а погодна е за нега и заштита на сите типови на кожа.
Оваа маст предвидена е за третман на проблематична и нечиста кожа. Тоа се во прв ред проблеми со акни и мали чиреви. Слично е и со другите чиреви и абсцеси, односно мали ранички на кожата. маслото од чајно дрво со своето антисептичко делување го спречува развојот на микроорганизми, а со тоа и воспаленијата условени со нивното делување.
Различните облици на дерматитис – воспалителни процеси на кожата, па дури и оние од алергиски тип позитивно реагираат на примената на маст со масло од чајно дрво. Наместо антибиотска маст може да се применува оваа маст со делотворното природно етерично масло. Во голема мерка проблемите ги прават херпес –вирусите – мали непријатни меурчиња, кои се јавуваат на усните или лицето, односно на другите делови од кожата, вклучувајќи ги и гениталните органи. Млечната маст со масло од чајно дрво ги ублажува болките кои се јавуваат на местата нападнати од херпес, но го пречува и настанувањето на нови мали непријатни меурчиња.
Во некои случаи третирањето на различните мали брадавици со масло од чајно дрво е многу успешно и тие исчезнуваат после упорното мачкање.Со оваа маст се третираат и изгореници ( од физички извори од топлина и сонце).
Намалување на болките настапува веднаш, а и антисептичкото делување на маста помага да со помалку страдање се решат непријатностите предизвикани од оштетување на кожата после изгореници ( болка,пецкање, црвенило, појава на мали меурчиња...).
Проблем за кожата се и убодите од инсекти, кои со своите каснувања предизвикуваат чешање и црвенило на кожата. Маслото од чајно дрво од една страна делува одбивно – репелентно на инсектите, а од друга страна го отстранува чешањето и настанатата болка.
|
|
|
|
Издвоено
Долгогодишната успешна соработка со нашата фирма,...
Оваа година Полугодишните митинзи ќе се одржуваат...
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
|
|
|
|