ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Kaпсули со витамин E-100
 |
Шифра: Dr.F-96
Еликсир на младоста, витамин на плодноста
Историјата на витаминот Е започнува во далечната 1922 год. кога го открија група на научници. Уште тогаш била согледана неговата голема важност за животот и опстанокот. И самото име избрано за таа новооткриена супстанца, која што своето потекло го влечи од грчкиот јазик – породување или раѓање, говори за неговото значење. Интересот за витаминот Е бил толкав, да уште во 1939 год. е одржан првиот светски симпозиум за тој витамин, кога се зборувало за неговата улога во бременоста, влијанието на превентива и лечење на срцеви болести, како и заштита на ќелиите и ткивата.
|
| Повеќе |
Додај во кошничка |
| Состав: природен RRR – α – Токоферол |
НАМЕНА:
За здрави лица како превентива од дегенеративи заболувања
Лица со проблеми со циркулација – периферни, церебрални, мозочни
За превенција на развој на атеросклероза и срцеви заболувања
За заштита од предвремено стареење
За зајакнување на имунитетот
Со диуретско делување за регулирање на зголемен крвен притисок
За подобрување на плодноста на двата пола – репродуктивна функција
Силен антиоксиданс
За одржување на свежината, еластичноста и виталноста на кожата
Заштита на дишните патишта
Лица кои се опоравуваат од болест, операција, зрачење |
Препорака за користење:
Се земаат 2-4 капсули на витамин Е дневно после јадење. Капсулите може да се земаат подолго време.
|
Се препорачуваат:
На постари лица
Лица со дегенеративни и воспалителни промени во зглобовите
Спортисти и рекреативци
Пушачи и лица кои конзумираат алкохол
За заштита на организмот од штетно делување на слободните
|
Напомена:
Витаминот Е добро се поднесува, а кај вообичаени дневни дози не се забележани несакани ефекти. Кај зголемени дози и долготрајна примена потребни се консултации со лекар. Големи дози можат понекогаш да предизвикаат пречки во пробавата, слабост, главоболка и пореметување на згрутчувањето на крвта.
|
ДОЗНАВМЕ...
ВЕЧНО МЛАД ВИТАМИН Е – еликсир на младоста, витамин на плодноста
|
| Историјата на витаминот Е започнува во далечната 1922 год. кога го открија група на научници. Уште тогаш била согледана неговата голема важност за животот и опстанокот. И самото име избрано за таа новооткриена супстанца, која што своето потекло го влечи од грчкиот јазик – породување или раѓање, говори за неговото значење. Интересот за витаминот Е бил толкав, да уште во 1939 год. е одржан првиот светски симпозиум за тој витамин, кога се зборувало за неговата улога во бременоста, влијанието на превентива и лечење на срцеви болести, како и заштита на ќелиите и ткивата. |
ШТО Е ВИТАМИН Е?
Името витамин Е опфаќа дури осум хемиски многу слични супстанци кои што покажуваат сите слична активност.
Витаминот Е претставува есенцијална супстанца, затоа што организмот не може сам да го произведе. Затоа секогаш мора да се зема како состојка во храната или додаток кон исхраната во форма на таблета или капсула. Притоа природниот витамин Е во организмот е подобро искористен отколку синтетскиот. |
КАКО ДЕЛУВА ВИТАМИНОТ Е ?
Го спречува делувањето Прво и најважно делување на витаминот Е во организмот е неговото антиоксидативно делување затоа што ги штити телесните клетки и органите од разорни напади на слободните радикали и со тоа го спречува нивното прерано стареење или пропаѓање. Во таа смисла, превентивно делува при заболување на срцето и крвотокот, дегенеративни болести, карцином, очно перде...Витаминот Е понатаму го поттикнува и имунолошкиот систем. Така некои студии покрај присутноста на поголеми дози на тој витамин покажаа намалена присутност на инфекции. Витаминот Е покрај тоа ги намалува симптомите при воспалителни реакции, предменструалниот синдром и пореметување во циркулацијата, а исто така дирекно учествува во голем број на хемиски реакции во организмотна отровните нитрити и нитрозамини од цигарите и храната, опасен фактор за создавање на тумор. Витамнот Е во многу студии покажал изразито протективно делување од развој на атеросклероза. Не се доведуваат во прашање ниту неговите добри ефекти на кожата, а често се применува и како додаток кон исхраната кај жените со мастопатични промени на дојките.
|
ЗОШТО ВИТАМИНОТ Е Е ЈАК АНТИОКСИДАНС?
Витаминот Е денес почесто се спомнува како антиоксиданс, отколку како типичен витамин. Неговиот недостаток нема да ги предизвика препознатливите, типични симптоми како што е случај кај останатите витамини. Имено, недостаток на витамин Е може ,,да тлее,,долго време и на крајот да доведе до развој на сериозни болести, дури и карцином. Доколку во клетките се создадат нестабилни слободни радикали кои ги напаѓаат сите негови делови, посебно ДНК и висококвалитетните незаситени масни киселини, доаѓа до верижна реакција на создавање на нови слободни радикали. Крајниот резултат е смрт на клетките. Меѓутоа, ни останатите штети не се безначајни. Промените кои што слободните радикали можат дополнително да ги предизвикаат се дезактивирање на ензимите и другите протеини, па дури и мутации кои можат да бидат канцерогени. Е витаминот е главен антиоксиданс во деловите на ќелиите кои содржат липиди како и во сите масни келии.
|
КОГА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА СЕ ВНЕСУВА ВИТАМИН Е?
Храната, особено растителните масла , се добар извор на витамин Е за здрав човек. Меѓутоа, постојат состојби и болести кај кои е потребно да се размисли за дополнително внесување на тој витамин. Многуте научни студии покажале дека додатокот на витаминот Е нуди вистински благодети како превентивно средство или како додаток на вообичаената терапија кај: коронарни срцеви болести, зголемена маснотија во крвтта, артритис, очно перде, цревни болести, болести на џигерот и жолчката, пушење и земање на алкохол,
бременост. Исто така испитувањата говорат дека би требало витаминот Е дополнително да се зема и кај: висок притисок, Алцхајмерова болест , земање на котрацепциски средства и дијабетици, изложување на сонце и загаден воздух, интензивно занимавање со спорт.
За лечење на промени на кожа корисно е дополнително да се зема витамин Е во капсули, како и во форма на крем. Бидејќи ја одржува виталноста на кожата и врзувачките ткива многу се користи за лечење на кожата и израстоците на кожата.
Докажано е неговото позитивно делување кај леукоплакија ( преканцероза на кожа), дијабетска гангрена и изгореници. Зараснувањето на рани и намалувањето на лузни на кожата, евидентно е поефикасно при користење на витамин Е. Неговото делување во дерматологијата и козметологијата извонредно е при третман на брчки, постпородилни стрии на кожата, на кожата и дава младешки изглед, ја чисти од хронични пигментации, присутен е во сите хранливи креми, тоници.
|
РЕЗУЛТАТИ ПРИ ЗЕМАЊЕ НА ВИТАМНОТ Е?
Делувањето на вештачкиот витамин Е нема брзо да го почувствуваме. Тој не е таблета против болки чие делување се чувствува
веднаш. Корисноста од витаминот Е ќе се согледа дури после долго време, и тоа како намалување на можноста за создавање на многу болести и спречување на процеси за предвремено стареење на клетките.
|
|
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|