ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Таблети со магнезиум и калциум -80
 |
Шифра: Dr.F-55
КАЛЦИУМОТ е неопходен за изградба на коските и забите, згрутчување на крвта, пренос на нервните импулси и контракција на мускулите.
МАГНЕЗИУМОТ е потребен за правилна работа на мускулите и нервите, регулирање на варењето на храната и одржување на здрави коски.
|
| Повеќе |
Додај во кошничка |
Состав: минерали на калциум и магнезиум во однос 2:1, мали количини на силициум, железо, фосфор, манган и бакар.
Направени се од норвешкиот доломитен варовник, кој се смета за најважен со природен извор на калциум и магнезиум.
|
НАМЕНА:
Кај алергија
За зајакнување на имунитетот
Кај недоволна исхрана
Кај жените во менопауза
Кај заболени од остеопороза
Кај трауматски и остеопоротски скршеници
Кај терапија со кортикостероиди, пореметена работа на штитната и пара- штитната жлезда
Кај недоволни телесни активности
|
Препорака за користење: се земаат 3-4 таблети дневно со малку течност за време на јадење
|
Напомена:
Препаратот содржи микроелементи, кои ја потпомагаат ресорпцијата на калциумот. Кафето, алкохолот и газираните пијалоци го оневозможуваат доброто апсорбирање на препаратот.
|
Таблети од магнезиум и калциум на Dr.Forster
Извонреден минерален додаток кон исхраната
Неопходни за минерализација на коските ( за подобра цврстина на коските и забите)
За чување на коскената маса
За превенција од остеопороза
Битни се за опуштање на болните грчеви кај мускулите
За заштита на срцето и крвните садови
Битни за правилно работење и функционирање на нервниот систем
За ублажување на стрес и напнатост. |
Се препорачуваат:
При зголемени физички и психички напори
Во состојба на стрес
Кај раздразливост и депресија
Кај долготраен замор
Кај подригнување и забавена пробава
Кај недостаток на минерализација на коските и забите
Во текот на растење и развој
Лица активни, во средниот и постариот животен период
Кај спортисти, бремени и жени што дојат
|
| Калциумот е есенцијален минерал и неопходен регулатор на физиолшките функции на ќелиите и организмот. По својата застапеност меѓу минералите калциумот е на прво место. Тело на возрасен човек содржи 1,5 -2% калциум, од што 99% се наоѓа во коските, а 1% во меѓуклеточниот простор и мекото ткиво. Метаболизмот на калциумот е под строга контрола на витаминот Д и хормоните. Кога организмот не е во состојба да произведе минерали како калциумот, треба да го осигураме преку храната или со надополување. Препорачана дневна потреба за калциум е 800 мг. |
Кога нема доволно калциум?
Причина за недостаток од калциум се недоволното внесување на храна или зголемени потреби особено во бременост и за време на доење.При недостаток на калциум во телото настануваат: остеопороза,преосетливост на нервниот систем (раздразливост, нервоза...), грчеви на мускулите, пореметувања во работата на срцето (лупање на срцето).
|
Зошто калциумот е битен?
Калциумот учествува во многу битни витални процеси во човечкиот организам. Покрај тоа што е неопходен за изградба на коските и забите, за поделба и растење на ќелиите, битен и е во процесите на контракција на мускулите. Калциумот учествува во регулирање на пропустливоста на мембраната на клетките и излачување на некои хормони, а битен е и за правилното работење на срцето. Особено е потребен за згрутчување на крвта и во преносот на надразнувањето на нервите. Познато е дека калциумот е корисен и како помош кај алергиски состојби. Калциумот, организмот мора да го прима цел живот.
|
Човекот просечно содржи во себе околу 24 -30 гр магнезиум. Околу 60% од вкупната содржина на магнезиум се наоѓа во коските, 35% се наоѓа во скелетните мускули и срцевиот мускул, остатокот се наоѓа во црниот дроб, бубрезите и мозокот, а го има и во еритроцитите. Рамнотежата на магнезиумот во телото ја регулираат цревата и бубрезите. Благодарејќи на резервите во коските и регулацискиот механизам во бубрезите, телото може и подолг временски период да го надокнадува недоволното внесување од магнезиум. Вообичаено со исхраната дневно се внесува 180-300 мг магнезиум. Притоа треба да се води сметка за фактот дека само околу 1/3 магнезиум внесен со храната телото може да го ресорбира. Вештачкото ѓубрење доведува до осиромашена содржина на магнезиум во земјата, па така и во растенијата, заради тоа ние во својот организам внесуваме премалку од овај минерал. Дополнителната суплемантација во исхраната со магнезиум исто така се препорачува при превенција на срцеви заболувања и атеросклероза, висок крвен притисок, дијбетес, нервна напнатост, раздразливост и немир, пореметување во спиењето, бременост и доење, како и за превентива кај мигрена.
Предозирањето со магнезиум не претставува причина за страв кај здравите лица со нормално функционирање на бубрезите, затоа што тој полека се ресорбира, а неговиот вишок рамномерно се излачува преку мокрачата и столицата.
|
Кога потребите за магнезим се зголемени?
Причините за недостаток од магнезиум се различни и бројни, па можат да се појават во текот на зголемени потреби ( во текот на растење и развој, бременост и стрес), зголемено губење ( силно повраќање, пролив, хронични заболувања на бубрезите), недоволно внесување( гладување, исхрана исклучиво со млечни производи или со мали количини на белковини, мрсна храна, ,,мека,, вода), пореметување во метаболизмот ( заболување на пробавниот систем, опсежно хируршко одстранување на танкото црево), земање на одредени лекови (диуретици, срцеви гликозиди, средства за чистење), прекумерно лачење на пот и земање на алкохол. |
|
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|