вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

Kапсули со Б - комплекс витамини 60

Kапсули со Б - комплекс витамини 60

Шифра: Dr.F-54
Капсулите ги содржат сите витамините од Б-групата (Б-1,Б-2,Б-6,Б-12) учествуваат во разните аспекти во производтсвото на енергија, витамин Б-6 е есенцијален за метаболизмот на аминокиселините, витамин Б-12 и фолна киселина ги олеснуваат чекорите потребни за делење на клетките. За непречена работа на нервниот систем и обезбедување на организмот со енергија. Кај проблеми со кожата, косата и коренот на косата, кај спортисти, вегетаријанци, за лица кои се изложени на стрес, за пушачи, за лица кои редовно конзумираат алкохол

Состав: широк спектар на витамини Б-комплекс: Витамин Б-1, Витамин Б-2, Никотинамид ( Б-3), Калциум пантотенат ( Б-5), Витамин Б-6, Фолна киселина ( Б-9), Витамин Б-12.
НАМЕНА:
  • За непречена работа на нервниот систем и обезбедување на организмот со енергија

  • Кај проблеми со кожата, косата и коренот на косата

  • Кај спортисти, вегетаријанци

  • За лица кои се изложени на стрес

  • За пушачи, за лица кои редовно конзумираат алкохол

  • За продукцијата на крвта

  • За деца , бремени, жени во менопауза


  • Се препорачуваат:
  • Кај недостаток од витамин Б

  • Кај зголемени телесни и психички напори

  • Кај депресија, несоница

  • Кај пречки во пробавата

  • Кај лица со еднолична исхрана

  • Кај активно и рекреативно занимавање со спорт

  • Кај опоравување на организмот

  • Кај болни под тераписки лекови
  • ЗОШТО ГИ КОРИСТИМЕ?
  • Одговорни се за создавање на енергија со издвојување на гориво од јагленохидратите, белковините и мастите ( го потпомагаат метаболизмот)
  • За одржување на здравјето и нормална функција на кожата, косата, очите, ноктите, црниот дроб, усната шуплина и пробавниот систем
  • Делува на имунолошкиот систем протективно, собирајќи ги слободните радикали и неутрализирајќи ја оксидативната штета.

  • ЗОШТО ГИ КОРИСТИМЕ?
  • Одговорни се за создавање на енергија со издвојување на гориво од јагленохидратите, белковините и мастите ( го потпомагаат метаболизмот)
  • За одржување на здравјето и нормална функција на кожата, косата, очите, ноктите, црниот дроб, усната шуплина и пробавниот систем
  • Делува на имунолошкиот систем протективно, собирајќи ги слободните радикали и неутрализирајќи ја оксидативната штета.


  • Во денешно време со земање на капсули В-комплекс како додаток кон исхраната се осигуруваат 100% дневните дози од витамин В- како во нормални услови, така и во состојба на зголемена потреба...
    ДОЗНАВМЕ...
    ХРАНА ЗА КОСА И КОЖА
    В-КОМПЛЕКС е група на хидросолубилни витамини, растворливи во вода. Овие витамини телото не може да ги складира, бидејќи се излачуваат со мокрачата и при потење, затоа треба секојдневно да се земаат со храната или во форма на додаток кон исхраната. Витамините немаат енергетска вредност, се природни катализатори, забрзувачи, на многу биохемиски процеси со кои се регулира метаболизмот ( размена на материите) во ќелиите, ткивата и органите. Тие овозможуваат ослободување на енергијата со што се зајакнуваат биолошките функции на сите органи.
    Секој член од семејството на В витамини има единствена структура и функција. Витамините Б-1, Б-2, Б-3 и биотин учествуваат во разните аспекти во производтсвото на енергија, витамин Б-6 е есенцијален за метаболизмот на аминокиселините, витамин Б-12 и фолна киселина ги олеснуваат чекорите потребни за делење на клетките.
    Секој од овие витамини има дополнителна функција:
    Витамин Б-1 – за нервите, мозокот, за пробавните жлезди, работа на срцето и црниот дроб. Неопходен за пробавување на јагкленохидратите. Органи кои се ориентирани за добивање на енергија од јагленохидрати (нерви, мозок, црвени крвни зрнца), посебно се чувствителни на недостаток на витамин В-1 што резултира со слаба пробава, замор, пореметување на работата на срцето...
    Витамин Б-2 – го штити дигестивниот тракт, жлездите, очите, кожата и слузокожата... Делотворен составен дел на околу 60 ензими, има важна улога кај многу метаболички процеси особено за метаболизам на белковините и енергетските материи.
    Витамин Б-6 – за слузокожата, нервите, кожата. Во метаболизмот на белковините: изградба, предизградување и изградување на аминокиселините. Учествува во создавањето на крвта, во синтезата на преносителите на импулсите во нервниот систем и растењето, во чувањето и репродукцијата на сите клетки во организмот.
    Витамин Б-12 – состојка на протеините во јадрото на клетките. Битен за создавање на црвените крвни зрнца, ензими и нуклеинска киселина. Неопходен за растење и функционирање на нервниот систем.
    Никотинамид ( Б-3) – за дигестивниот тракт, нервите. Централна функција во вкупниот метаболизам: синтеза и разградување на јагленохидратите и масните киселини, синтеза на холестерол, добивање на енергија и благотворно делување врз циркулацијата на крвта.
    Пантотенска киселина ( калциум пантотенат – Б-5) – за коса , кожа. Се нарекува антистрес витамин. Се наоѓа во сите живи клетки. Има централна функција во метаболизмот на јагленохидратите, амонокиселините и мастите.
    Квасец – како природен извор на витамините Б.
    Б-комплексот е добро да се зема во текот на пролетта, со што адекватно би ја нахраниле кожата и би ја подговиле за штетните влијанија кои ја чекаат во летото!
    Оптималната доза на витамините од групата В на Dr.Forster во својот состав има функционално најважни витамини од оваа група: Б-1, Б-2, Б-6, Б-12, никотинамид Б-3, калциум пантотенат Б-5, фолна киселина Б-9
    Др.Слободан Раљевиќ

    Newsletter

    Пријави се

    Анкета

    Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

    Гласај     Резултати

    Издвоено

    КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
    Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
    ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
    Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...