ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 105
 *** |
 *** Времето стана изразито дефицитарен артикал. Колку пати посакуваме денот да трае 30 часа, затоа што токму тие неколку часа ни недостигаат да ставиме се на свое место. Работата, првиот голтач на нашето време, кога ќе ги разори нашите животни минути, малку од сето тоа останува. Наметнатиот ритам, кои најчесто сами го кроиме, навистина не е човечки. Загрижува фактот што, по работата, дел од теретот носиме и во својот дом. Цента ја плаќаме не само со наш стрес и внатрешна вознемиреност, туку пати и нашето семејство со кое се понекогаш се гледаме само во минување. Разговорите, и покрај добрата волја, се повеќе се сведуваат на техничка напомена и компромиси како да опстанете во вртлогот на животот, отколку на убав и нежен разговор со блиските души. |
| Мобилните телефони, телефоните, факсовите, мобилните уреди, електронските потсетници, различните звуци, потсетници и предупредувања не голтаат и обвиваат како некој голем октопод кој не влече се подлабокои подлабоко. Затоа, често се прашувам – имаш ли време за живот?Кога од модерните крадци на нашето време ќе успееме да украдеме малку од нашите часа, од она време кое по природа на постоењето ни припаѓа – што да правиме со него? |
Често слушам - „времето е пари“. Да, ако во тоа потрошено време дојдеме до некоја пара. Но, зошто да не кажеме: времето е љубов – затоа низ времето успеавме да ни се случи љубов, или времето е добрина – затоа што со нашето време поминато со најблиските им даривме добрина.
Да му дадеме на нашето време посакувани содржини. Нека тоа биде време за љубов, време за нежност, време за игри... игри кои на необичен начин ги зближува душите, игра која не ретко е лек и која ги бриши несогласувањата, буди во нас заспано детство и поттикнува многу добри случувања.
Или пак зошто да не речеме: времето е дар! Затоа што поклонетото време навистина добива убавина и е содржина на најубав поклон.
Кога говориме за времето, секогаш основно е прашањето: како да го употребиме најдобро?
Навистина, треба да се одреди вистинско време за вистински работи. Тоа е мудрост и уметност на живеење. Како најубав лек и терапија треба да го земеме времето: време за смеа, игра која само по себе има цел или заеднички излет на сто пати видените места – тоа е вистински лек за се она што со некоректни зборови и расправии со инает го уриваме.
|
| Да имате време – вистински да поклоните време, е клуч за решение на многу несогласувања со ближните и ниво на кое растат плодовите од среќното семејно постоење. |
| Да имате време – вистински да поклоните време, е клуч за решение на многу несогласувања со ближните и ниво на кое растат плодовите од среќното семејно постоење. |
Времето, доколку навистина сакам да им го посветам на оние кои ги сакам, само ќе пронајде своја содржина – смислено, добро и лековито. Денес, гледајќи околку себе, заклучувам - потребно е да имаме се повеќе и повеќе време едни за други.
Пред природната рака да го забави или застави вашиот животен вртлог – погледајте околу себе. Каде се лицата и работите кои те радуваат? Што прпушташ во бремето на секојдневието? За жал, сопствената немоќ и неволјата не оставаат парализирани, со смрзнати погледи, а во нашето срце се вовлекуваат сериозни и смирени мисли. Одеднаш, имаме време и никаде не ни се брза, а животот го набљудуваме од сосема друг агол, се станува различно. Во такви моменти нашиот поглед на времето кое поминало и на она кое допрва ќе дојде станува се побистро и помудро. Единствено вистинско време е она кое се вложува во љубовта и добрината, затоа што такво време не исчезнува, тоа засекогаш живее.
|
На патоказот кога се обликуваат одлуките – свртете се кон убавината на времето и уживајте во секој момент. Минатото не може да се врати, но она што е пред нас може да биде посреќно и поубаво.
Да се потрудиме и да креираме свој ден, да го искористиме и да уживаме во времето кое ни е подарено.
|
Нека нашето време биде среќен здив на вечноста.
Да го почитуваме. Да оставаме траги кои не се бришат. |
Ви посакуваме пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до јуни и нашето ново, предлетно издание... грижете се за себе и секако едни за други.
|
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|