петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ награди и патувања

***
***
РСИ ја следи работата на своите соработници, мотивирајќи го секој корак со широка палета на Наградни патувања и богат фонд на награди. Наградните натпреварувања и Наградната игра важи за сите соработници на РСИ, во сите земји каде што РСИ работи.
Наградните натпреварувања распишани се по категории за ПРОДАВАЧИ, за ЗАЧЛЕНУВАЊЕ НА НОВИ СОРАБОТНИЦИ, за СТРУКТУРА и за МЕНАЏЕРИ.
Пропозициите и фондот за награда се распишува за секоја година и се објавуваат во посебно издание на РСИ – РСИ НАТПРЕВАРУВАЊА: РСИ СВЕТ НА НАГРАДИ И НАГРАДНИ ПАТУВАЊА.
Обединувајќи ги сите натпреварувања и наградни фондови пропишани на ниво на куќата, кои важат за сите пазари каде што работи РСИ – се нуди континуиран увид и преглед на исклучително атрактивни можности кои се нудат на соработниците.
НАТПРЕВАРУВАЊА ЗА ПРОДАВАЧИТЕ
За соработниците на РСИ кои се занимаваат со продажба распишани се неколку натпреварувања. Се следат месечни, полугодишни и годишни резултати на РСИ продавачи, како и резултати од продажба по програмите Убавина од внатре, Убавина од надвор и Убавина околу нас.
РСИ CHAMPION CLUB
РСИ CHAMPION CLUB e клуб за најуспешните соработници / продавачи по остварениот личен промет, т.е. се бодува само личната продажба на фисичките лица.
Клубот има свои обележја, правила, хиерархија (кариера) и натпреварувања. Веќе со самото членство во Champion Club остварувате бројни погодности, а со постигнување на статусот Silver, Gold, Diamond Champion или некои од поголемите позиции во Diamond кариерата добивате признанија, обележја и вредни награди што ви припаѓаат, а ви се овозможуваат и бесплатни школувања, одложено плаќање, учество на Елитни патувања... Го издвојуваме и натпреварувањето за Месечен Шампион каде се наградува продавач со најдобар личен промет за еден пресметковен месец.
НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ СОРАБОТНИЦИ
РСИ ги мотивира и наградува соработниците кои работат на ширење на својата мрежа, односно вклучување на новите соработници. Вредни награди ги очекуваат спонзорите, но и ново вклучените соработници за кои РСИ исто така подготви низа изненадувања. Се наградуваат најдобрите месечни, полугодишни и годишни резултати.

НАТПРЕВАРУВАЊА ЗА СТРУКТУРИ
РСИ во својата палета на натпреварувања ги мотивира и наградува соработниците кои имаат структура – мотивирајќи ги на што подобри резултати во групата и на ширење на структурата, но ги поттикнува и сите останати РСИ соработници да се насочат кон создавање на структура – така од добри продавачи, настануваат уште подобри менаџери. И во ова натпреварување се наградуваат најдобрите месечни, полугодишни и годишни резултати.
СТИМУЛАЦИИ
Станува збор за парични награди за сите спонзори кои имаат правилно распоредена структура. Стимулација остваруваат соработниците и менаџерите кои го оствариле пропишаниот промет по одредено правило.
НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА МЕНАЏЕРИ
Сите менаџерски скали на РСИ кариерата мотивирани се со палета на натпреварувања за месечни, полугодишни и годишни награди. Секој месец се прогласуваат Менаџери на месецот, коишто резултати секој месец се собираат и влегуваат на Топ листа на Менаџери – ТОП 10. На крајот од годината, 1-от на Топ листата освојува титула МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА и вредни награди.
Издвојуваме и НАГРАДНО ПАТУВАЊЕ кое што можат да го освојат менаџерите – PСИ ГИ ПОСЕТИМЕ РСИ ЗЕМЈИТЕ.
Врз основа на пропишаните пропозиции менаџерите од остварените годишни резултати, може да освои ова атрактивно патување по земјите во кои работи РСИ, со патувањето можат да се освојат и дополнителни вредни награди.

РСИ MILLIONER’S CLUB
Статусен клуб за најдобрите менаџери кои остваруваат милионски бодови секој пресметковен месец со правило на 50%. Тоа значи дека се признаваат макс. 50% по една структура, а со сите останати структури и личниот промет треба да се оствари мин. 500 000 бодови.
Постојат 5 хиерархиски позиции кои носат статус и им припаѓаат вредни награди во вредност од 500 до 2 500 EUR-a.
ELITE CLUB
Најуспешните соработници – продавачи и менаџери – влегуваат во ELITE CLUB, статусниот клуб на најдобри соработници на РСИ. Врз основа на распишаните пропозиции и годишните резултати на членовите на Elite Club ја освојуваат најатрактивната награда на РСИ – ЕЛИТНО ПАТУВАЊЕ. Елитното патување се организира на атрактивни светски туристички дестинации.
Така најуспешните РСИ соработници ги прошетаа – ТУНИС, ТУРЦИЈА – АНТАЛИЈА, ИСТАНБУЛ, ЕГИПЕТ, МАЛТА, СИЦИЛИЈА, ДУБАИ.Ранг листата на наградените по сите категории се објавува по категории редовно во РСИ ИНФО, интерно гласило на фирмата, кое излегува месечно.

НАГРАДНИ ИГРИ
Составен дел на РСИ СВЕТ НА НАГРАДИ се и НАГРАДНИ ИГРИ кои РСИ за своите соработници ги приредува година. Предизвик се ТРИ (распишани за одреден временски период) големи наградни игри под името – Освој зелен купон и играј со нас (пропозициите се објавени во Брошура РСИ Натпреварувања стр. 2,3), наградна игра Верноста се наградува во која влегуваат сите оние кои ја продолжуваат членарината како и Летна, односно Зимска наградна игра каде што можете да освоите вредни награди за само 300 oстварени бодови во пресметковниот месец.
Извлекувањата на нагрданите игри се јавни на нашите Митинзи или на РСИ Летниот камп, а имињата на добитниците се објавуваат во РСИ Инфо.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...