петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

Мултилевел или мрежен маркетинг

***
***
Мрежен маркетинг е начин на продажба на производи директно од производителите докрајните купувачи. Во оваа работа СОРАБОТНИКОТ е единствениот посредник. Тој, ако не го купува производот за себе, тогаш им го препорачува на крајните купувачи.
Во мрежниот маркетинг нема други посредници, толку вообичаени за традиционалните, класични начини на продажба и дистрибуција на робата (големопродажба, застапници, посреднички агенти, увозници, изнајмнувач на продавницата, претпријатија за продажба на мало). Единствен посредник кој постои во мрежниот маркетинг сте всушност вие. Токму затоа вие имате и право на значаен попуст, затоа што вие производот за себе сте го купиле директно од РСИ. Исто така имате право на значаен процент на заработка затоа што по ваша заслуга производот на РСИ пронашол купувач, односно потрошувач.
Концептот на мрежен маркетинг е едноставен и се потпира на две начела.
1. Прво – производите на претпријатието кое се занимава со мрежен маркетинг не можат да се купат во продавница. Претпријатијата кои се занимаваат со мрежен маркетинг, со производите кои ги снабдуваат своите соработници, имаат ексклузивно право на попуст при купување на производот.
2. Второ – претпријатието кое се занимава со мрежен маркетинг ги наградува своите соработници, по посебен стимулативен план на заработка, за прометот кој ќе го остварат лица соработници кои директно или индиректно се вклучиле во соработничката мрежа на тоа претпријатие. Соработникот, значи, прима процент од прометот во својата структура. Таква заработка се остварува целото време на траење на соработничкиот однос, што значи може да трае долги години...
Како соработник на РСИ, му помагате на луѓето да донесат одлука со која сигурно ќе го унапредат квалитетот на нивниот живот на повеќе начини. А вие, притоа, забележително го унапредувате својот живот, особено финансискиот.
МЛМ е докажан и ефикасен систем на дистрибуција – пример на слободно работење во најчист облик со реален провизиски состав, како за лична продажба така и за ширење на мрежа.
Занимавањето со мрежниот маркетинг овозможува успех побрз отколку во традиционалните работни активности. Првата заработка од личниот промет можете да ја остварите веќе првиот ден, односно штом сте се вклучиле. Озбилна заработувачка од прометот од групата соработници кои вие сте ги вклучиле ќе следи веќе после неколку месеци. После тоа, групата соработници во ширина и длабочина, ќе знаете дека сте на добар пат – износите на заработувачка ќе станат навистина многу привлечни.
Една од помалку видливите, но многу битни предности на мрежниот маркетинг е можноста на неограничено напредување. Тоа е сосема поинаку отколку во традиционално организираното претпријатие во кои до унапредувања се доаѓа ретко и тешко, а неретко и без вистински подлоги во остварените резултати во работата.
Понатаму, работата во мрежниот маркетинг многу добро може да се врамнотежи со семејните обврски на работното место.
Она што мрежниот маркетинг го прави единствена работа на светот е тоа што во оваа активност луѓето добиваат, освен заработувачка, и она нешто што толку често недостасува на работно место во фирмите, а тоа е признание за добро завршена работа. Истапувањето на наградените соработници на бините на митинзите на РСИ, посебните издвојувања и пофалби на презентациите на РСИ по градовите, објавување на пописи за најуспешните соработници на РСИ, во весникот Инфо, пофалби за спонзорите и честитки на колешките и колегите соработници од сопствените и други структури, сето тоа создава незаменливо чувсвто на задоволство и припадност затоа што некој всушност го цени, приметува и наградува вашиот труд и успех.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...